Роналдо никако не може да се засити: Португалецот ја откри новата цел во својата кариера (ФОТО)

Кристијано Роналдо постигна хет-трик во победата на Манчестер Јунајтед над Норвич, со што Португалецот уште еднаш покажа дека може да има клучен ефект на еден натпревар и во оваа фаза од кариерата.

Головите на Роналдо го вратија Јунајтед во трката за место кое води во Лигата на шампионите, а тој нескромно најави дека не планира да застане тука.

Ѕвездата на премиерлигашот објави интересен статус, најавувајќи дека очекува уште некој хет-трик во продолжение од кариерата.

„30 хет-трика пред и 30 хет-трика по 30-та година. Време е да го нарушам балансот“, напиша Португалецот најавувајќи дека очекува поголем број хет-трик ефекти по неговата 30-годишна возраст.

 

 

Се вчитува...