Кристијано Роналдо не беше единствениот што го напушти кампот на португалската репрезентација поради конфликт со тренерот Жорже Жесус. Португалскиот весник „Рекорд“ објави дека, заедно со капитенот, репрезентацијата ја напуштил и Антонио Кошта, долгогодишен член на стручниот штаб задолжен за опремата.
Според португалскиот весник, Кошта добил налог да ги спакува работите и да го напушти кампот заедно со Роналдо. Нивната соработка не е случајна бидејќи Кошта работи за Ал-Наср од минатата година, а според договорот, требало да биде со Роналдо за време на репрезентативните собири и големите натпреварувања се до 2028 година.
Заминувањето следуваше по конфликтот меѓу Роналдо и Жесус. Капитенот остана на клупата на натпреварот против Норвешка и, иако тренерот го испрати на загревање, тој не доби шанса за игра. Роналдо беше незадоволен, а односите дополнително се влошија по изјавите на Жесус за медиумите.
По се, Роналдо ја напушти репрезентацијата и замина за Мадрид, додека Португалија остана без капитенот пред продолжението на Лигата на нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
