Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо за првпат по 15 јуни 2008 година еден цел фудбалски натпревар помина на клупата за резервни играчи.
Синоќа Португалија гостуваше на Норвешка во Лигата на нациите и победи со 1-2, а Роналдо не доби можност ниту за една минута настап.
Иако со 41 година, Роналдо постојано е дел од националниот тим и досега беше стандарден и во репрезентацијатаа и во Ал-Наср. Но, синоќа за првпат по јуни 2008 година (или по 6678 дена) и натпреварот од третото коло на Европското првенство 2008 против Швајцарија, остана цел меч на клупата за резервни играчи.
Причина за тоа е што селекторот Жорже Жезус сака рамномерно да ја распореди неговата минутажа, ако се знае дека во следните шест дена Португалија ја очекуваат уште два натпревари.
„Фактот што не играше денес не значи дека не сметам на него. Проценив дека за овој меч во тој момент промена и воведување на напаѓач со неговите карактеристики не е потребно. А, треба да се зачуваме и за следните дуели“ – рече Жезус на прес-конференцијата по мечот.
Но, како и да е, португалскиот весник „О Џого“ пренесе дека Роналдо по мечот видно лут заминал директно во тунелот по последниот свиреж. Неговите соиграчи се собрале на теренот за да ги поздрават околу 500 португалски навивачи на стадионот „Улевал“, но капитенот сакал да им се придружи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
