Роналдо сака кариерата да ја заврши во САД

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Кристијано Роналдо би можел по ангажманот во Јувентус да се пресели во американската МЛС лига. Според медиумите во САД, асот на Јувентус размислува кариерата да ја заврши во Мајами или Лос Анџелес.

„Следниот чекор на Роналдо е да завладее со светот и да освои трофеј и во Америка. Мајами или Лос Анџелес. Повеќе пати има кажано дека тоа му е желба“, пренесуваат медиумите во САД. 

Роналдо има 35 години, а во Јувентус е од 2018 година, клуб кој наскоро би можел да го напушти.

Се вчитува...