Роналдо се надмина: Руни ми љубомори бидејќи сум поубав од него, затоа ме критикува

Кристијано Роналдо е топ-тема во спортската јавност со интервјуто во кое Португалецот јавно говореше против сите во Манчестер Јунајтед, најавувајќи дека е подготвен да си замине од клубот на почетокот од 2023 година.

Роналдо во интервјуто проговори и за луѓето кои го критикуваат, конкретно осврнувајќи се на неговиот поранешен соиграч Вејн Руни, кој не е голем фан на Кристијано по неговиот камбек на „Олд Трафорд“.

„Искрено, не знам зошто Вејн Руни толку често и жестоко ме критикува. Веројатно затоа што сме иста возрат, тој ја заврши кариерата, а јас се уште играм на највисоко ниво. Исто така, јасно е и дека сум поубав од него“, прокоментира Кристијано Роналдо.

Се вчитува...