Кристијано Роналдо на најдобар можен начин ги замолкна критичарите, откако постигна два гола против Узбекистан и ја предводеше Португалија до првата победа на овој мундијал.
Големиот ас не го криеше задоволството од својот настап, потенцирајќи дека веќе се навикнал да се носи со честите критики кои пристигнуваат на негова адреса.
„Зад нас беше тешка недела за сите, особено за селекторот кој беше жестоко критикуван. Имаше и коментари на моја адреса, но јас веќе сум навикнат. После 23 години кариера, се ми е јасно, кога оди добро, Кристијано е фантастичен, но кога ќе тргне на лошо, тогаш сите ми велат дека сум стара и дека треба да одам во пензија. Така ќе биде секогаш, но ова беше најдобриот можен одговор, од мене и од моите соиграчи. Одигравме одличен дуел и неслучајно постигнавме пет погодоци“, изјави Роналдо.
„Секогаш се појавувам кога треба. Можеби нешто подоцна отколку што луѓето очекуваат, но јас сум тука. Се уште работам напорно, верувам во тоа што го правам. Давам огромен напор и Бог ме наградува за тоа, така е низ целата моја кариера. Најважен ми е тимот, заедништвото со соиграчите и моето семејство. Се останато што доаѓа однадвор не можеме да го контролираме, критики можат да дојдат од сите страни, но јас се имам навикнато и гледам само напред, не слушам околу“, потенцираше Кристијано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
