Кристијано Роналдо е најплатен спортист во светот!

Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во светот за 2016 година, според магазинот „Форбс“.

Откако во пензија замина легендарниот боксер Флојд Мејведер, кој претходните години доминираше на листата на најголеми заработувачи, неговото место сега го зазеде Кристијано Роналдо.

„Ѕвездата на Реал Мадрид изминатава година инкасира 88 милиони долари, од плата, бонуси и реклами, што му е доволно за првото место. Роналдо е единствен спортист по Мајкл Џордан, кој е на првото место по заработка, а се натпреварува во екипен спорт“ – пишува „Форбс“.

Роналдо зад себе ги остави Лионел Меси кој има заработка од 81 милион долари, па Леброн Џејмс со 77 милиони долари, Роџер Федерер со 67,8 милиони долари, Кевин Дурант со 56,2 милиони долари и Новак Ѓоковиќ со 55,8 милиони долари.

Се вчитува...