Роналдо: Сонот за Катар се уште е жив

Португалија синоќа доживеа шок на домашен терен, откако Србија успеа во последната минута од мечот да постигне гол со што обезбеди директен пласман на Светското фудбалско првенство во Катар. Португалците имаат уште една последна шанса за пласман на СП, а истата ќе ја бараат преку бараж натпревар.

Кристијано Роналдо синоќа беше евидентно изнервиран од ваквиот исход, но препознатливо за него е што никогаш не се откажува. Напаѓачот на својот Фејсбук профил призна дека тој и неговите соиграчи потфрлиле, но верува дека сонот за Катар е се уште жив.

„Фудбалот уште еднаш покажа дека нема правила, понекогаш патиштата не водат до најпосакуваните цели. Вчерашниот резултат беше тежок, но не доволен за да не сруши. Целта за настап на СП 2022 е сè уште многу жива и знаеме што треба да направиме за да стигнеме таму. Нема повеќе оправдувања. Сонот на Португалија за Катар и понатаму е остварлив“, потенцираше Роналдо.

Се вчитува...