Португалија на извонреден начин го одигра првото полувреме на натпреварот од 2. коло во групата К на Светското првенство 2026, со водство од 3-0 по првите 45 минути на мечот против Узбекистан.
А, централна фигура на дуелот, кој друг ако не Кристијано Роналдо, кој со два гола на најдобар можен начин им одговори на критичарите, по оној негов прв лош натпревар против Конго.
Уште во 6. минута Роналдо запиша историја за светската фудбалска игра, како прв човек на планетава стрелец на шест различни светски првенства, од 2006 до 2026 година, носејќи водство од 1-0 за својата селекција.
Роналдо на тој начин го постигна деветтиот свој погодок на мундијалите.
А, Португалија веќе во 17. минута дојде и до водство од 2-0, со голот на Мендеш директно од слободен удар од околу 18 метри.
Но, Кристијано Роналдо не застана само на еден гол, и во 39. минута повторно мајсторски погоди за 3-0, и за десетти свој гол на светските првенства со што го надмина досегашниот рекорд на Еузебио како најдобар стрелец на Португалија на Мундијалите со девет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
