Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо, ги искажа своите впечатоци по пласманот во осминафиналето на СП 2026.
Роналдо беше стрелец, од пенал, на првиот гол за својот тим во победата над Хрватска (2-1).
Ова е неговиот 146-ти репрезентативен гол во 232-от настап, и во двете категории тој е светски рекордер.
„Ова беше тежок натпревар. Знаевме дека Хрватска е одличен тим. Доминиравме во првото полувреме, а во второто полувреме малку паничевме откако примивме гол. Откако мојот гол беше поништен поради офсајд, ги повикавме навивачите да ни помогнат, а по израмнувањето од пенал, работите повторно беа добри за нас. Ја заслуживме победата, без разлика на тоа кој што мисли“, рече Роналдо.
Тој посебно го пофали Лука Модриќ.
„Играм со Лука со години, речиси сме врсници. Мислам дека е фудбалска легенда бидејќи сè уште игра многу добро. Тоа е неверојатно.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
