Поранешниот фудбалер на Лутон, Рос Баркли денеска потпиша тригодишен договор со Астон Вила откако минатата сезона одигра 37 натпревари и постигна пет гола за Лутон, кој испадна од Премиерлигата.
Тој играше за Астон Вила како позајмен од Челси во сезоната 2020/2021. Во текот на кариерата играше и за Евертон, Ница и на позајмица во Шефилд Венсдеј и Лидс.
За репрезентацијата на Англија, 30-годишниот играч од средниот ред одигра 33 натпревари од 2013 до 2019 година и постигна шест гола. Астон Вила летово ги донесе Самуел Илинг-Џуниор, Енцо Баренчеа, Јан Матсен и Луис Добин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА