Румениге: Боатенг може да си замине од Баерн

Џером Боатенг може да ги промени клупските бои во текот на летниот преоден рок откако челниците на Баерн Минхен објавија дека се подготвени да ги разгледаат сите понуди што ќе ги добијат за германскиот репрезентативец. Баерн не сака ни да чуе за заминување на Роберт Левандовски, но претседателот Карлхајнц Румениге е со поинаков став кога станува збор за Боатенг, дефанзивецот кој во неколку наврати во последните две години беше во конфликт со управата на баварскиот гигант.

Боатенг може да си замине доколку добиеме интересна понуда. Ќе видиме што ќе се случувa во текот на летото, колкави ќе бидат понудите“ – изјави Румениге за германските медиуми.

Челси, Арсенал и Манчестер јунајтед се клубовите кои претходно искажуваа интерес за овој фудбалер, но не се исклучува можноста во трката да се вклучат и Јувентус и Интер.

Се вчитува...