Румениге: ПСЖ е заинтересиран за Боатенг

Извршниот директор на Баерн Минхен, Карл Хајнц Румениге, потврди дека Пари Сен Жермен е заинтересиран за дефанзивецот Џером Ботенг, а дека баварскиот клуб би се согласил да го продаде германскиот репрезентативец. Румениге објасува дека во овој момент  преговорите уште не се директни.

„Во моментов нема директни преговори меѓу клубовите, но има контакт преку советниците. Мора да почекаме и да најдеме адекватна основа за договорот“ – објаснува Румениге.

Баерн се надева на значителна сума од продажбата на Боатенг, но пречка во моментов се проблемите кои ПСЖ ги има со финансискиот фер-плеј.

Џером Боатенг е во Баерн Минхен од 2011 година, има 156 настапи за клубот.

Се вчитува...