Руни: Да го имавме Гвардиола, ќе освоевме се

Легендарниот англиски фудбалер, Вејн Руни смета дека неговата генерација можеше да освои се, да имала тренер како што е Пеп Гвардиола. Руни со репрезентацијата на Англија играше на шест големи натпреварувања, но и покрај големиот квалитет никогаш не успеаја да стигнат подалеку од четвртфиналето.

„Ја гледам Англија и среќен сум како играме. Кога ќе го погледнете нашиот тим пред десет години, тоа без сомневање беше најдобар тим во светот. Рио, Џон, Ешли, Стивен, Пол, Френк, Дејвид, Мајкл и јас. Да го имавме Гвардиола без сомневање ќе освоевме се“, изјави Руни. 

Руни одигра 120 натпревари за репрезентацијата на Англија и со 53 гола е најдобар стрелец на националната селекција.

Се вчитува...