Руни до Манчестер Јунајтед: Градете го тимот околу Бруно, избркајте ги сите останати

Манчестер Јунајтед славеше над Њукасл со 3-2 во уште еден меч со ВАР-контроверзи во Премиер-лигата (недосуден чист пенал за гостите), но играта на „црвените ѓаволи“ повторно беше далеку под нивото што му доликува на најтрофејниот англиски клуб.

Вејн Руни е најдобар стрелец во историјата на Јунајтед со 253 гола, легендарниот голгетер има освоено 16 трофеи со овој клуб, па клупската легенда јавно повика на коренити промени во играчкиот кадар на „црвените ѓаволи“. Според него, новото раководство мора да се реши за ремонт на тимот, а приоритет да биде останување на Бруно Фернандеш.

„Екипата треба да се гради околу Бруно, тој е борбен и квалитетен. Бруно и младите асови треба да се задржат, сите останати треба да се избркаат од клубот. Свесен сум дека тоа не може да се случи за едно лето, но мора да се тргне во тој правец. За да се натпреваруваш во оваа лига, за да се бориш со Сити, Арсенал и со Ливерпул, ти требаат подобри фудбалери од оние што ги има Јунајтед во моментов“, порача Руни.

Се вчитува...