Руни нема милост за „граѓаните“: Би ги ставил во најниската лига во која можат да бидат исфрлени

Поранешниот англиски репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед и Евертон, Вејн Руни, изјави дека неговиот поранешен тим не би требало да ги добие титулите во Премиер лигата доколку му бидат одземени на Манчестер сити поради прекршување на финансиските правила, но во исто време посакува градскиот ривал да биде исфрлен од Премиер лигата во најниската можна лига.

Независна комисија на Премиер лигата денеска го прогласи виновен Манчестер сити по сите 115 обвиненија и како една од можните казни се споменува исфрлање на „граѓаните“ во понизок ранг на натпреварување.

„Мислам дека ќе го видиме Манчестер сити како испаѓа од Премиер лигата. Не знам како ќе се случи тоа, но мислам дека ќе бидеме сведоци на такво нешто. Јас би ги ставил во најниската лига во која можат да бидат исфрлени, а потоа би им ограничил и колку пари можат да трошат во наредните 3-4 години. Доколку ги исфрлите во Чемпионшип, тие ќе се вратат. Но со ограничување на трошењето тогаш ќе им биде многу потешко“, вели Руни.

Тој смета дека неговиот поранешен тим, Манчестер Јунајтед не треба да освои две од трите титулуи доколку му бидат одземени на градскиот ривал. Манчестер сити во периодот од 2009 до 2018 година освои три титули во Премиер лигата,  во тие сезони, двапати како втор завршуваше токму Јунајтед, а еднаш Ливерпул.

„Не би се чувствувал пријатно да добијам уште еден медал од Премиер лигата. Да бидеме искрени, мислам дека не го заслужуваме, не направивме доволно таа сезона за да триумфираме во Премиер лигата. Јас не би сакал да ни ја доделат титулата бидејќи не ја заслуживме“, додава Руни.

Се вчитува...