Поранешниот англиски фудбалер Вејн Руни, е убеден дека Манчестер Сити ќе го престигне Арсенал на табелата, и одново ќе биде шампион во Премиерлигата.
Екс голгетерот на Јунајтед кажа дека повеќе би сакал Арсенал да биде првак, но дека тимот ќе има преголем притисок со кој нема да знае како да се носи.
„Се надевам дека Арсенал ќе ја освои титулата, но мислам дека на крајот Сити ќе се радува. Ќе биде интересно. Мислам дека е така затоа што притисокот врз Арсенал е преголем. Кога има уште 10 меча до крај, тогаш доаѓа вистинскиот притисок. Затоа се прашувам дали Арсенал може да го прави тоа што го правеше цела сезона. Од друга страна Сити го има Халанд кој е неверојатен. Сакам да го гледам како игра. Тој ги собори сите рекорди“, изјави првиот тренер на ДЦ Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА