Руни во обид да ги смири тензиите со Роналдо: Веројатно нема фудбалер на светот кој не е љубоморен на Кристијано

Тренерот на Дерби Каунти, Вејн Руни одговори на коментарот на Кристијано Роналдо дека љубомората е причина за тврдењето дека враќањето на Португалецот на „Олд Трафорд“ не му донело ништо добро на Манчестер Јунајтед.

Како што се пишуваше претходно, Руни по ремито на Јунајтед против Лестер (1-1) изјави дека Роналдо потфрлил со играта во вториот мандат во Јунајтед, но и дека во иднина поддршката треба да се префрли на помлади играчи.

На ова реагираше Роналдо со коментар на Инстаграм каде под фотографијата на Руни и Џејми Карагер напиша „двајца љубоморни“, на што не беше должен да остане поранешниот соиграч од шампионската генерација на Јунајтед.

На прес-конференцијата пред новиот натпревар со Кардиф, Руни се обиде да ги смири страстите и напомена дека освен Лионел Меси, нема играч на светот кој не му љубомори на Роналдо.

„Веројатно нема фудбалер на светот кој не е љубоморен на Кристијано. Кариерата што ја има, освоените трофеи, заработените пари, па дури плочките на стомакот”, изјави Руни со насмевка пред насобраните новинари.

Да потсетиме, Роналдо оваа сезона постигна 18 голови за Јунајтед, но често беше мета на критики и во лоши односи со менаџерот Ралф Рангник.

Се вчитува...