Русија и Белорусија избришани од одбојкарската мапа

Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) од денеска официјално ги избриша сите руски и белоруски селекции од светската ранг листа.

Можеби челниците на „светската одбојка“ подлегнаа на притисокот на „западната“ јавност, особено италијанските и полските медиуми, на кои им пречеше тоа што машката селекција на Русија, со т.н. замрзнат статус, дури и напредуваше во листата. Во текот на втората недела од Лигата на нации Русија во еден момент беше на втората позиција, а пред да испадне од листата беше на третото место.

Интересно е и тоа што во овој момент на ранг-листата нема ниту една руска и белоруска репрезентација, ниту на последната позиција. Иако „бришењето на Русија и Белорусија“ беше направено без никакво објаснување на веб-страницата на ФИВБ, ни останува да веруваме дека тие дури сега добија „замрзнат статус“. Останува да се види каков став ќе заземат овие две земји еден ден, кога ќе се вратат на големите меѓународни натпреварувања.

 

Се вчитува...