Русија многу посилна – Џагоев се враќа против Хрватска

Русија ќе биде значително засилена за претстојното четвртфинале од СП 2018 против Хрватска, откако Алан Џагоев ги надмина проблемите со повредата и му се стави на располагање на селекторот Черчесов. Џагоев се повреди во првото полувреме од премиерниот дуел со Саудиска Арабија, потоа не настапи со Египет, Уругвај и со Шпанија, но речиси сигурно е дека тој ќе се појави во тимот на „зборнаја“ за четвртфиналната пресметка во Сочи, в сабота со почеток во 20 часот.

Тоа беше обновување на стара повреда, но сега и таа е минато. Трениравме денеска без проблеми, подготвени сме за натпреварот и ќе сториме се за да победиме и повторно да ја израдуваме цела Русија“ – изјави Џагоев.

Русите ги зафати еуфорија, се најавува и атак на трофејот, а Џагоев се надоврзува на оптимизмот на Головин дека „зборнаја“ може да стигне до самиот крај на овој мундијал.

„Зошто да не… амбициите се зголемуваат на секој нареден натпревар, а ние веќе покажавме дека можеме да играме против секого“ – порача асот на ЦСКА Москва.

 

Се вчитува...