Русинка остана без златен медал од ЛОИ во Лондон

Руската атлетичарка Наталија Антјук веќе не е олимписка шампионка на 400 метри со пречки од Летните олимписки игри во Лондон 2012 година. Русинката поради користење недозволени средства одземено и е најсјајното одличје кое заврши кај Американката, Лашинда Демус.

Со одлука на судот за арбитража претходно на Русинката поништени и се сите резултати во периодот од 2013 до 2015 година, а доби и четиригодишна суспензија. Новата одлука на Единицата за заштита на атлетиката на основа на резултати од лабораторијата во Москва и одлучи да и ги поништи сите остварувања на Антјук во периодот од 15. јули 2012 до 29. јуни 2013 година.

Демус која доцнеше седум стотинки зад времето на победничката со оваа одлука стана олимписка шампионка. Жужана Хејнова која ја освои бронзата сега се закити со сребро, додека медалот за трето место ќе и припадне на Јамајчанката, Калиес Спенсер.

 

Се вчитува...