Русите го вратија „вардарецот“ Калараш за Македонија

Пивотот на Вардар, Глеб Калараш, ќе го засили составот на руската репрезентација за утрешниот натпревар со Македонија. Оваа одлука ја донесе селекторот Едуард Кокшаров, кој реши да го врати Калараш во тимот откако претходно беше тргнат од екипата во пресрет на дуелот со Франција.

Кокшаров по само еден натпревар се премисли, па Калараш ќе биде во тимот за пресметката со Македонија, доаѓајќи на местото на Егор Евдокимов, кој утрешниот натпревар ќе го следи од трибините на „Ланксес арена“.

Со камбекот на Калараш се очекува рускиот состав да добие и на цврстина во одбраната, со оглед на фактот дека ракометарот на Вардар е специјалист за „дефанзива“.

Се вчитува...