Русите и Белорусите ќе може да играат на УС опен

Тениската асоцијација на Соединетети Американски Држави, организаторот на последниот гранд-слем турнир УС опен, потврди дека на годинашното издание на турнирот ќе може да учествуваат тенисери и тенисерки од Русија и Белорусија.

Откако стигна потврда дека тенисерите и тенисерите ќе можат да настап во Њујорк, Вимблдон остана единствен турнир кој ги санкционира овие тенисери поради инвазијата на Русија на Украина.

Организаторите на УС опен потрвдија дека нивниот турнир нема да го следи примерот на Вимблдон, на кој учесниците ќе останат без поени. Единствен услов кој УС опен ќе го стави пред играчите е тоа да настап по неутрално знаме.

 

Се вчитува...