Руски клуб прогласи банкрот, во него годинава играше и македонски фудбалер

Рускиот тим Тамбов прогласи банкрот. Ова е одлуката на Арбитражниот суд во регионот Тамбов.

„Отворена е стечајна постапка за ФК Тамбов во период од шест месеци“, рече судијката на случајот.

Во јануари раководството на клубот поднесе барање до Судот за прогласување на банкрот. Долговите во тоа време беа повеќе од 536 милиони рубли.

Тамбов во последните две години играше во Руската премиер лига, но никогаш на својот стадион, затоа што не исполнуваше услови. Играше во Саранск на „Мордовија Арена“.

На почетокот на оваа година во Тамбов дел беше и македонскиот младински репрезентативец Давид Тошевски, како позајмен од Ростов.  Тошевски не заигра ниту еден меч за овој клуб. 

Но, откако клубот ги загуби сите шанси за опстанок, беа ослободени сите фудбалери. Неколку месеци подоцна и дефинитивно клубот оди во банкрот.

Се вчитува...