Руски спортист шокираше: Се допингував, и тоа ми помогна за подобри резултати

Поранешниот руски фрлач на кладиво, Сергеј Сергејевич Литвинов, призна дека земал допинг во 2012 година во неуспешниот обид да се квалификува на Олимписките игри во Лондон.

Литвинов веќе се натпреварува, се реши да го објави сево ова сега кога веќе не е активен, и сето тоа на социјалните мрежи. Тој истакна дека тоа му помогнало да фрла кладиво подалеку.

„Се допингував во 2012 година и имав корист од тоа. Земав туринабол и оксандролон. Во тоа време имав притисок од страна на сојузот, но на крајот тоа беше моја одлука и моја  вина. Пред земањето на супстанците фрлав 79 метри, а допингот ми помогна да го подобрам резултат за два метри“, рече Литвинов.

Овој спорст е син на некогашниот фрлач на кладиво Сергеј Николајевич Литвинов, кој во 1988 година освои олимписко злато, а стана и светски рекордер.

Се вчитува...