Лука Дончиќ и ЛА Лејкерс експресно се вратија на победнички по последниот пораз од Оклахома Сити, славејќи на гостувањето против Њу Орлеанс со 104-118. Во исчекување на камбекот на Леброн, Дончи уште еднаш покажа дека одлично се снаоѓа во лидерската улога, реализирајќи 24 поени и 12 асистенции. Тој имаше голема помош и од Остин Ривс, кој со 31 поен беше најефикасен во таборот на ЛА лејкерс, додека прв стрелец на Њу Орлеанс беше Марфи со 35 поени.
ЛА Клиперс по голема драма и продолжение славеше на гостувањето против Далас со 127-133, меч во кој конечно блеса Богдан Богдановиќ. Србинот кој неочекувано е игнориран од тренерот Лу сезонава конечно доби минутажа каква што заслужува и возврати на вистински начи, со 21 поен (12 во последнната четвртина), три асистенции и четири украдени топки.
Најдобар поединец на мечот беше Џејмс Харден кој заврши со неверојатни бројки, 41 поен, 14 скокови и 11 асистенции, станувајќи највозрасен играч во историјата на НБА со трипл-дабл со најмалку 40 постигнати поени.
Кевин Дурент со 30 поени беше најефикасен во таборот на Хјустон во триумфот над Портланд, додека Њујорк ја доби пресметката со Мајами со 140-132 благодарение на одличниот Таунс и неговите 39 поени.
Резултати НБА:
Њујорк – Мајами 140-132, Орландо – Бруклин 105-98, Детроит – Филаделфија 114-105, Хјустон – Портланд 140-114, Милвоки – Шарлот 147-134 (по прод.), Минесота – Сакраменто 124-110, Њу Орлеанс – ЛА лејкерс 104-118, Далас – ЛА Клиперс 127-133 (по прод.), Сан Антонио – Голден Стејт 108-109.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

