И третиот домаќин од овој Мундијал се пласираше во 1/8 финалето. После Канада и Мексико, меѓу најдобрите 16 светски селекции патува и репрезентацијата на САД која ја совлада Босна и Херцеговина со 2-0.
Босанците имаа шанса да се вратат од негатива со оглед дека имаа играч повеќе, но не успеаја, па така го завршија историскиот настап на Мундијалите во 1/16 финалето.
Американците беа подобриот тим, а поведоа со голот на Фоларин Балогун во 45-тата минута.
Селекторот на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, се обиде да го оживее својот тим со три измени на почетокот од второто полувреме. Американците го загубија Балогун во 64-тата минута, кој доби директен црвен картон по остар удар со лакт врз Тарик Мухаремовиќ. И покрај ова, БиХ не можеше да израмни, прими втор гол.
Стрелец во 82-та минута беше Малик Тилман, кој брилијантно го совлада голманот Никола Васиљ од слободен удар. САД на тој начин се квалификуваа за осминафиналето, каде што ќе играат против Белгија.
Сите највозбудливи моменти од мечот може да ги видите на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
