Садио Мане го воскресна Ливерпул, тагува Тотенхем, џек-пот за Челси

Ливерпул конечно стигна до првиот триумф во 2017 година, и тоа на дерби дуелот со Тотенхем на „Енфилд роуд“. Садио Мане донесе победа од 2-0 за „црвените“, со што тимот на Јирген Клоп се враќа во сериозна трка за да избори пласман во Лигата на шампионите. Тотенхем најверојатно со овој пораз ја загуби трката за титулата со Челси, кој сега има девет бода предност на врвот и натпревар против Бурненаут утре, за двоцифрена бодовна разлика.

Садио Мане беше творец на триумфот на Ливерпул. Во 16.минута и побегна на одбраната на Тотенхем и го совлада Хуго Лорис, а две минути подоцна уште еднаш ја затресе неговата мрежа, откако беше најснаодлив во домашниот состав. Тотенхем не најде сили да се врати во игра на овој дуел и заслужено загуби.

1-0 Sadio Mane Goal 11.02.2017 HD by dailyfootballkickSadio Mane 2nd Goal HD – Liverpool 2-0… by Live1Goals

Се вчитува...