Садио Мане по болница, донираше и училиште во родното село во Сенегал

Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане е херој во родното село во Сенгал. Тој беше во посета, да ја разгледа изградбата на училиштето за кое донираше сретства. Мане претходно плати и 250 000 илјади фунти за да биде изградена болница во селото.

Мане по обврските за националниот тим на Африканскиот куп на нации не замина на одмор туку отиде во Бенгали. Селото од каде што потекнува да провери како напредува изградбата на објеките.

За училиштето Мане дал околу 70 000 фунти за училиштето, а поделил и дресови на сите деца во селото. Мане денеска се враќа во Ливерпул и ќе се приклучи на екипата во подготвителниот период.

Се вчитува...