Салах ја напушти египетската репрезентација откако бил заменет против Ангола?!

Мохамед Салах го напуштил кампот на египетската репрезентација откако бил заменет во квалификациите за Купот на африкански нации против Ангола.

Египетските медиуми пишуваат дека на дуелот против Ангола (0:0) на средина од второто полувреме бил заменет и следниот ден го напуштил кампот на националниот тим.

Селекторот на Египет, Хосам Хасан тврдеше дека до замената дошло поради „технички причини“, но шпркулациите за заминувањето на Салах од репрезентацијата се зголемија откако фудбалерот на Трабзонспор беше изоставен од тимот за утрешниот натпревар против Јужен Судан во второто коло од квалификациите.

Во медиумите се шпекулира и за лоша атмосфера во соблекувалната на релација селектор – дел од најискусните репрезентативци, откако селекторот е фатен како зборува за голманот МОхамед Ел Шенави дека „во еден момент бил готов“.

Сега, селекторот се обидува да ја смири ситуацијата, велејќи дека отсуството на Салах од дуелот против Јужен Судан било договорено од претходно.

„Ги почитувам сите фудбалери, посебно Мохамед Салах. Тој е важен и влијателен играч, еден од клучните во тимот, тој е фантастичен член на репрезентацијата, а воедно е и еден од најдобрите фудбалери на светот. Одлучивме да го поштедиме Салах поради вештачката трева на која ќе се игра дуелот со Јужен Судан. Здравјето на секој играч ми е главен приоритет и имам голема доверба во своите играчи“, изјави селекторот Хасан.

 

 

 

Се вчитува...