Салах: Ќе има повеќе пенали врз мене, но не го сакам ВАР

ВАР-технологијата дебитира во Премиер-лигата од оваа сезона, а неколкуте судиски одлуки веќе предизвикаа контроверзни реакции кај различни фудбалери и тренери. Ливерпул засега не бил ниту награден ниту оштетен од ВАР, но Мохамед Салах сепак не е фан на овој „фудбалски изум“.

„Не го сакам ВАР, ниту пак некогаш ќе го засакам. Го сакам фудбалот онаков каков што е, со грешките на судиите, со агресијата врз напаѓачите. Технологијата ќе направи тој шарм да исчезна. Лично, верувам дека со ВАР ќе има повеќе пенали врз мене, но тоа не е важно бидејќи не ми се допаѓа што технологијата влезе и во фудбалот преку контрола на судиските одлуки“ – истакна Салах.

Ливерпул по првите две кола има максимални шест бода, а „црвените“ в сабота ги очекува дерби дуел со Арсенал.

Се вчитува...