Салата е „нашминкана“, гостиварци од старт домаќини во „Младост“

Гостивар се враќа во елитното кошаркарско друштво, а амбициозниот проект на управата и на тренерот Марјан Србиновски е чекор поблизу до реализација по успешната реконструкција на салата „Младост“. Реконструкцијата на подот на спортскиот дом на гостиварци е речиси готова, паркетот e наместен, треба само да се завршат неколку детали, а КК Гостивар првенството ќе го започне како домаќин во оваа сала.

Иако од клубот претходно истакнаа дека првиот дел од сезоната гостиварци ќе мора да го одиграат во салата во Маврово, процесот очигледно е забрзан и се работи во полна пареа.

„Мило ми е што реновиорањето се заврши многу побрзо од планираното, и уште од првиот меч ќе бидеме домаќини во салата „Младост“. Минимални детали се во прашање за реконструкцијата да биде комплетна, со тренинзи во оваа сала ќе започнеме од понеделник“, потврди тренерот на екипата, Марјан Србиновски.

Се вчитува...