Само еден бод за Тотенхем против Вест Хем

Тотенхем загуби нови два бода во трката за четвтото место откако „спарси“ одиграа само 1-1 на гостувањето против Вест Хем. Лондонската пресметка донесе интересен фудбал и шанси на двете страни, за на крајот големите ривали да ги поделат бодовите. Тотенхем прв поведе кога Џонсон се најде на вистинското место по додавањето на Тимо Вернер. Вест Хем израмни во 19. минута преку Зума по корнерот на Боувен.

Суперинтересна беше 94. минута, откако најпрвин Удоги од одлична позиција биеше само во голманот на Вест Хем, а потоа на спротивната страна „чеканите“ од контранапад пропуштија убава можност да стигнат до победнички погодок.

Борнмут по голема битка успеа да стине до цел плен на домашен терен против Кристал Палас, со голот што во 79. минута го постигна Џастин Клајверт.

Барнли и Вулверхемптон ремизираа 1-1, домаќините први поведоа преку Брун Ларсен, а „волците“ израмнија пред самиот крај на првото полувреме со голот на Аит-Нури.

Се вчитува...