Чудо се случи вечерва на „Енфилд“ и додека сите потајно се надеваа, само еден играч гласно коментираше дека Ливерпул може да ја мине Барселона и покрај негативата од три гола.
Тоа беше Дејан Ловрен, кој гласно говореше дека „црвените“ никако не смеат да бидат отпишани.
„Ме лутат таквите приказни дека се е готово. Лути сме и гладни на сите да им докажеме дека можеме да одиграме специјален меч на „Енфилд“. Имаме големи фудбалери кои секогаш се истакнуваат на најважните средби и верувам дека така ќе биде и во вторник. Според мене, овој дуел ќе биде еден од најголемите во историјата на нашиот стадион“ – истакна Хрватот два дена пред натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА