Само еден тим загубил дома, па играл финале – Ајакс

Ајакс игра многу подобро на гостински отколку на домашен терен, откако холандскиот тим победи и на третиот меч во низа надвор од Амстердам во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Екипата на тренерот Тен Хаг е трета во историјата на ЛШ на која ова и успеало, по Баерн во 2013 и Реал Мадрид во 2018 година.

Ајакс игра нешто послабо на домашен терен, но шансите на Тотенхем се сведени на теорија и ако се земе во предвид традицијата која вели дека 23 години ниту една екипа не успеала да стигне до финале откако во првиот полуфинален дуел претрпела пораз на домашен терен.

Досега 17 пати се случило тим да загуби пред своите гледачи во првата полуфинална пресметка, при што 16 пати тој тим бил елиминиран. Интересно, единствениот кој успеал да ја надмине таа негатива од првиот натпревар е токму Ајакс, кој во 1996 година го загуби првиот меч од Панатинаикос со 0-1, но возврати „со камата“ на реваншот во Атина, триумфирајќи со 0-3.

Се вчитува...