Само Сисоко тажен од Тотенхем: Поим немав дека сме обезбедиле полуфинале

Интересен момент од синоќешниот натпревар меѓу Манчестер сити и Тотенхем во Лигата на шампионите.

Тотенхем си обезбеди полуфинале во најквалитетното европско клупско натпреварување, откако погодокот на Стерлинг во 93. минута за Манчестер сити беше поништен по консултацијата на ВАР системот.

Но, фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Муса Сисоко не се израдува како што треба на пласманот на својот тим во полуфиналето. Тој поради повреда беше на клупата за резервни фудбалери во моментите кога Стерлинг погоди за 5-3, па разочаран веднаш се упатил кон соблекувалната не забележувајќи дека потоа голот беше поништен.

„Кога Сити даде гол за 5-3 ми се стемни пред очите, се разочарав и бесен заминав кон соблекувалната. Бев сам, немаше ниту ТВ во соблекувалната и мислев дека сме елиминирани. Па потоа дојде економот и почна еуфорично да се радува. Го прашав што се случува и ми кажа дека голот бил поништен. Тогаш брзо се облеков, заборавив на сите болки и веднаш повторно истрчав назад на терен. Беше тоа вистински шок за мене“ – раскажува Сисоко.

Францускиот фудбалер играта мораше да ја напушти во самиот финиш на првото полувреме поради повреда во дуел со Кевин де Бруин.

Се вчитува...