Само во Црна Гора: Не треба тестирање пред да продолжи сезоната

Фудбалската сезона во Црна Гора ќе продолжи на 1 јуни, во тој период се најавува дека ќе следи и продолжението на уште неколку спортови, но Црногорците се единствени во светот по ставот – спортистите воопшто да не бидат тестирани од Ковид-19 пред да почнат натпреварувањата.

„Здравствените работници се поризична категорија од нив, а не постојат причини и масовни барања за нивно тестирање. Затоа, не гледаме потреба и спортистите да се тестираат пред да почнат со натпревари. Тие не се позагрозени по сопственото здравје од медицински причини, ниту пак полесно би ја пренеле инфекцијата на некој друг“, изјави Сенад Бегиќ, заменик-директорот на Институтот за јавно здравје во Црна Гора.

Сепак, се очекува спортистите да бидат вклучени во масовниот скрининг на населението.

„Како дел од широкото тестирање што планираме да го спроведеме, ќе се погрижиме во случајните примероци да се тестираат и членови на спортски екипи“, додаде Бегиќ.

 

Се вчитува...