Сампдорија само до бод против Специја, навивачите „удрија“ по претседателот (ВИДЕО)

Се намалуваат шансите на Сампдорија да обезбеди опстанок во Серија „А“ откако денеска на домашен терен одиграа само 1:1 против Специја. На тимот од Џенова му требаат серија на победи ако сака да се спаси, но тоа не се случува, а екипата е во лоша форма. За тоа навивачите го обвинуваат претседателот на клубот, Фереро па незадоволството го искажаа со тоа што фрлија неколку факели на теренот за време на мечот и неколку пати го прекинуваа.

Сампдорија поведе со голот на Амионе во 23. минута. Водството на избраниците на Дејан Станковиќ беше „поништено“ во 59. минута кога Верде успеа да постигне гол и да донесе бод за гостите.

За разлика од Сампдорија која е закована на дното, Специја за момент избега од опасната зона и сега има бод повеќе од 18-пласираната Верона.

Се вчитува...