Сампдорија се пофали: Сите фудбалери сега се негативни на Covid-19

Италијанскиот калчолигаш Сампдорија нема веќе заболени фудбалери од коронавирусот. Последните тестови потврдија дека сите фудбалери се негативни на вирусот Covid-19.

„Сите фудбалери кои претходно беа позитивни, на последното тестирање имаа негативен примерок. Среќни сме поради тоа“, објави Сампдорија на официјалниот сајт.

Во текот на март Сампдорија имаше седум фудбалери кои беа позитивни на тестовите за Covid-19. Тоа се Габијадини, Ла Гумина, Торсби, Екдал, Депаоли, Бережински и Барето.

 

Се вчитува...