Сан Антонио им бара на Лејкерс половина тим во замена за Ленард

Преговорите на Сан Антонио и на Лос Анџелес Лејкерс за трансферот на Каваи Ленард веќе одреден период не се тајна, а од Тексас почнаа да излегуваат и информации околу тоа што се бараат „спарс“ во замена за нивниот најдобар играч.

Наводно, Сан Антонио ќе му дозволи на Ленард да му се приклучи на Леброн Џејмс во „градот на ангелите“, ако Лејкерс ги дадат Брендон Инграм, Кајл Кузма и Џош Харт, но и ако го отстапат правото на два пика во првиот круг на драфтот.

Каваи Ленард, минатата сезона одигра само девет натпревари, а на крајот од шампионатот влезе и во конфликт со управата на Сан Антонио. Најдобриот играч на тимот од Тексакс, во 2011 година беше 15 пик на Индијана, но ведаш беше испратен во Сан Антонио со кого во 2014 дојде и до титулата во НБА лигата.

 

Се вчитува...