Сан Антонио Спарс ги освои срцата на своите навивачи во феноменален гест во чест на легендарниот тренер на оваа франшиза, Грег Попович кој во моментот ја врши улогата на прв човек на спортскиот сектор.
Попович поради мозочен удар мораше да се повлече од функцијата прв тренер на тимот во ноември 2024 година, но остана дел од клубот на кој му донесе пет шампионски титули.
На првиот натпревар во новата сезона на домашен терен во арената одекна банерот на Попович заедно со останатите легенди на тимот. „Поп 1390“, симболизирајќи го бројот на победени натпреварите во кариерата вечно ќе стои високо во домот на Спарс.
Legends. pic.twitter.com/cXKvpyBwcw
— San Antonio Spurs (@spurs) October 26, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

