Санчез херој, Интер го освои Суперкупот на Италија (ВИДЕО)

Во крајно неизвесен и интересен натпревар Интер го совлада Јувентус по продолженија со 2-1 и го освои Суперкупот на Италија.

„Старата дама“ поведе со голот на Венстон Мекини во 25. минута, додека на 1-1 израмни Лаутаро Мартинез во 35. минута од пенал.

До крајот немаше гол и натпреварот замина во продолженија. Во продолженијата двата тима играа резервирано и внимателно и кога сите мислеа дека натпреварот ќе замине во изведување на пенали, Алексис Санчез се снајде најдобро и ја донесе шестата титула за „нероаѕурите“ во ова натпреварување.

 

Се вчитува...