Санчез се договори со ПСЖ, се чека одговор на Арсенал

Алексис Санчез по сите изгледи ќе го носи дресот на ПСЖ. Чилеанецот ги договорил условите со францускиот вицепрвак, се чека одговор, односно зелено светло од Арсенал. Според информациите од Франција, Санчез сака да биде меѓу најплатените фудбалери во тимот, се верува дека неговиот агент успеал да изнуди плата од 16 милиони евра годишно.

Венгер сепак ја губи битката околу неговиот најдобар фудбалер, но решен е да не го даде на директниот ривал во лигата, Манчестер сити.

Трансфер во ПСЖ е најприфатлив за сите страни. „Топчиите“ нема да останат со празни раце, најважно за нив беше да не го пуштат Санчез како слободен играч бидејќи договорот му завршува следната година, а вака максимално ќе заработат од неговите квалитети. Санчез ќе настапува во Лигата на шампиони, тоа е најважно за него, а секако ќе се бори и за трофеи, иако кон истото цели и со Арсенал, во Франција сепак ќе има поголеми шанси.

Се вчитува...