Џејдон Санчо како слободен играч си замина од Манчестер јунајтед, но никој не очекуваше крилниот офанзивец толку да се мачи во потрагата по нов клуб.
Причината е јасна – проблематичниот карактер на самиот играч поради кој Санчо имаше минимална минутажа во последните екипи, а сега клубовите не сакаат да ризикуваат да ја нарушат тимската атмосфера во негов трансфер.
Руски Краснодар неодамна беше поврзуван со потписот на овој фудбалер, платата од пет милиони евра по сезона не беше проблем, но трансферот го блокираше тренерот Мурад Мусаев, кој јасно стави до знаење зошто не го потпишал Санчо.
„Би сакал директно да се осврнам на гласините за Џејдон Санчо за повеќе да нема шпекулации на оваа тема. Да, точно е дека ни беше предложен. Колку што јас знам, тој беше подготвен да дојде во Русија. Ние ја разгледавме опцијата и решивме – НЕ. Тоа е мојата одлука и стојам зад неа. Во Манчестер јунајтед се однесуваше како да е поголем од клубот. Кога тренерот проговори за неговиот ангажман на тренинзите, наместо да ја наведне главата и да почне да работи, тој реши да се препукува преку медиумите и на крајот беше отстранет од првиот тим. Тој е класичен пример на фудбалер што се става себе си над колективот, ние не сакаме такви работи овде. Краснодар е клуб базиран на дисциплина, почит и колективна работа и не ни требаат играчи како Џејдон Санчо“, директен беше во објаснувањето тренерот на овој клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
