„Сантијаго Бернабеу“ се претвора во архитектонско чудо: Одржување мечеви во кошарка, тенис, рагби… (ВИДЕО)

Реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид и натаму не е завршено, а се очекува идната година целата работа да биде приведена кон крај. Клубот досега инвестираше 700 милиони евра, од кои Реал Мадрид очекува да има огромни приходи.

Она што најмногу импресионира е механизмот кој тревата ја претвора во кошаркарски и тениски терени, но и сала за големи концерти, како и одржување на саеми, семинари…

Мадридскиот клуб се надева дека во иднина ќе има НБА и НФЛ натпревари.

Во клубот веруваат дека годишно од стадионот ќе се заработуваат дури 150 милиони евра, па ќе требаат само неколку години ова „чудо“ да се исплати.

Се очекува новиот стадион да биде и атрактивна туристичка локација во Мадрид. Се очекува овој проект да биде готов до 2022 година. Отворањето е планирано за 14 декември.

Се вчитува...