Сара Ристовска остана без багаж во Москва

Сара Ристовска имаше непријатен почеток на руската авантура, откако македонската репрезентативка беше принудена да го пропушти првиот тренинг на ЦСКА Москва – поради губење на багажот при патот до рускатањ престолнина.

Новиот проект на ЦСКА Москва вчера официјална почна со работа, а ракометарките на првиот тренинг се појавија со лични дресови, во исчекување да добијат целосна опрема од клубот. Тоа беше проблем за Ристовска, која остана без багаж на аеродромот во Москва, па целиот тренинг го следеше „во цивилка“ од клупата.

Се очекува багажот да пристигне во Москва во текот на денешниот ден, па Ристовска веднаш да му се стави на располагање на стручниот штаб.

Се вчитува...