Сарагоса го „мерка“ Ненад Димитријевиќ

Ненад Димитријевиќ е се поблиску до заминување од Валенсија, откако шпанскиот клуб почна да носи нови засилувања на плејмејкерската позиција откако беше промовиран како нов евролигаш.

Македонскиот репрезентативец имаше сосема солидна прва сезона, но во ангажманот на нови играчи на неговата позиција е лоша вест за Димитријевиќ. Според шпанските медиуми, Валенсија сериозно ја разгледува опцијата да го испрати Македонецот на позајмица, како прв кандидат се споменуваше Гран Канарија, а сега во трката се вклучува и Сарагоса.

Преговорите меѓу клубовите стартувале во текот на вчерашниот ден, а останува да се види дали тие ќе завршат успешно за Димитријевиќ по Хувентуд и Валенсија, да заигра и за трет клуб во шпанската АЦБ-лига.

Сарагоса е тим за кој пред извесно време настапуваше Лестер Бо Мекејлеб, но оваа екипа играше многу слабо минатата сезона, освојувајќи го 16. место и едвај обезбедувајќи опстанок во елитното друштво.

Се вчитува...