Сари лут: Како можеа седум судии да не видат чист пенал над Хисај?

Маурицио Сари беше бесен на арбитрите по поразот на Лацио од Торино, со кој римскиот клуб ја прекина серијата одлични резултати на домашната сцена со која се искачи на второто место на табелата.

„Лацијалите“ важеа за фаворити и на овој меч, но без повредениот Имобиле се мачеа да се заканат посериозно кон противничкиот гол. Според Сари, сепак клучен момент на мечот бил недосудениот пенал врз Албанецот Хисај.

„Загубивме, а најголемо влијание врз конечниот исход имаа судиите. Пеналот над Хисај беше чист како солза, искрено не можам да разберам како може седум судии да не го видат тоа. Ќе дојдевме до подобар резултат ако судиите си ја завршеа работата, но што е тука е, мораме да се погледнеме и самите себе. Седум дена имавме за да бидеме во топ-форма за клучниот дел од сезоната, но факт е дека не бевме на посакуваното ниво. Тоа е само доказ дека ни претстои многу работа“, изјави Сари по мечот.

Се вчитува...