Саудијците се закануваат: Ова е само почеток, ќе видите следната година

Како никогаш досега, многу атрактивни трансфери се случија во Саудиска Арабија. Иако не е крајот, и се очекува и во следните недели да има премини во оваа земја, еден од директорите на Про лигата кажа дека ова не е крајот.

Тој најави дека наскоро од оваа земја ќе стигнат понуди и за најдобрите играчи во Премиерлигата. Според „Мирор“, тоа се Кевин Де Брујне и Мохамед Салах.

„Ова е само почеток. Нашиот буџет е астрономски и имаме сериозен интерес и за водечките играчи во Премиерлигата. Малкумина кои би одолеале кога ќе ги видат понудите за нивните лични услови. Можам да се обложам дека и следната година ќе ни пристигнат уште врвни играчи“, рече тој, пренесува „Мирор“.

Во ова првенство ова лето заминаа неколку познати имиња како Ријад Махрез, Џордан Хендерсон, Нголо Канте, Калиду Кулибали, Едуард Менди, Рубен Невес и други кои од Премиерлигата се преселија во Саудиска Арабија.

Се вчитува...