Саутемптон најде наследник за Ван Дајк

Саутепмтон ги договори услугите на дефанзивецот на Лацио, Весли Хоет за 17 милиони фунти. Веста ја потврди и спортскиот директор на Лацио, Игли Таре, кој истакна дека самиот играч побарал да биде продаден.

„Хоет побара да биде продаден во Англија. Сака да ја продолжи кариерата во англиски клуб каде ќе има поголема минутажа. Тој ќе биде играч на Саутемптон во најскоро време. Весли со себе ќе понесе големо искуство од Рим, и покрај тоа што е млад. Му посакувам се најдобро во кариерата“, истакна Таре.

23-годишниот холандски репрезентативец одигра 23 натпревари за „орлите“ во Серија А минатата сезона, а постигна два гола.

Саутемптон беше во потрага по одбранбен играч кој би го заменил капитенот на клубот од минатата сезона, Вирџил Ван Дајк, а го пронајдоа токму во репрезентацијата на Холандија, односно меѓу соиграчите од националниот тим на Ван Дајк.

Се вчитува...